НЕВРЕМЕ JA ЗАФАТИ СЛОВЕНИЈА: Евакуирани се деца од градинка, улиците се поплавени
Поради поплава во Словенија, евакуирани се деца од градинка. Градинката во Шалара ги повика родителите да ги земат децата, јави ТВ Словенија. Рано утрото критична била ситуацијата и во градинката во Берток до која родителите не можеле да дојдат. Влезот бил поплавен, по што ги повикале пожарникарите, кои со помош на комуналната служба ги исчистиле шахтите за да може водата да истече.
Во населбата Шалара во Копер се зголемува нивото на дождовница и се заканува да ги поплави повеќето куќи. Бидејќи водата веќе ги преминува праговите, почнаа првите евакуации, но недостасува вреќата за заштита од поплави, јавуват медиумите. На подрачјето на Копер евидентирани се повеќе од сто интервенции на пожари, а ситуацијата е многу сериозна, јавува „Slovenske novice“.
Најмногу врнежи наврнаа на југозападот на државата. На западот на Словенија улиците се целосно поплавени, пренесуваат локалните медиуми.
Невреме имаше денеска и во Хрватска. И пред неколку дена во регионот имаше невреме.Лани летото во Словенија во поплави загинаа 6 луѓе.
фото Фејсбук
Слично
