НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ: Вода почна да протекува во хрватскиот Сабор
Од силното невреме, вода проби на седница на хрватскиот Сабор и седницата за кратко беше прекината.
Nevreme u Poreču! #Oluja pic.twitter.com/z3UOO3yArR
— Nikola Martać™ (@NikolaMartac) July 21, 2023
Водата почна да истекува низ отворениот прозорец и да протекува по ѕидот на собраниската сала. Водата почна да навлегува и на главната врата на Собранието, која веднаш беше затворена и заштитена со крпи. Загреб попладне повторно го зафати силно невреме пропратено со силен ветер и дожд.
Zagreb, Malešnica pic.twitter.com/UuIkPNZHSD
— Jabuka.tv (@jabukatv) July 21, 2023
„Затворете го прозорецот, водата проби“, рече претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ.
Во регионот деновиве имаше невреме, а неколку луѓе настрадаа. Невремето ги погоди Србија, Хрватска, Словенија, БиХ.
Италија исто ја зафати невреме, а во Милано е снимено торнадо.
