Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невреме го зафати Ниш каде паѓаше град со големина на орев

Невреме го зафати Ниш каде паѓаше град со големина на орев

Град со големина на орев паѓаше денеска во српскиот град Ниш. 

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) претходно предупреди на силни дождови, грмотевици и град. Танјуг објави дека во зградата во која се одржува музичкиот фестивал „Нишвил“ се поплавени подрумските простории. Неколку улици се поплавени и во општината Палилула, каде според зборовите на граѓаните, до некои куќи не е можно да се пристапи поради  водата. Вакво невреме е можно во наредните часови и во другите градови на југот на Србија.

Пред два дена невреме ја зафати и Хрватска. 

Во Македонија можно е да има невреме во текот на викендот. Наредните денови во земјава ќе се намалат температурите. 

Слично

Поврзани вести