Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста во Србија е 19%, младите тешко наоѓаат работа

Невработеноста во Србија е 19%, младите тешко наоѓаат работа

Невработеноста во соседна Србија е 19% кај луѓето постари од 15 години.

Кај мажите стапката на невработеност е 18.5%, а кај жените е 19.6%. Податоците се од анкетата за работна сила која ја направи Републичкиот завод за статистика. Најголема стапка н невработеност има во регионот на Белград или 20.5%, а по него следат регионите на Јужна и Источна Србија со 20.2%, Војводина со 19.2%, а Шумадија и Западна Србија имаат најниска невработеност која изнесува 16.6%.

Според истите податоци, невработеноста кај младите во првиот квартал од 2016 година е зголемена од 13.1 на 16.2% во однос на истиот период од 2014 година.

Анкетата е направена во 11.500 домаќинства, а се однесува на првиот квартал годинава.

Слично

Поврзани вести