Невработеноста во САД најниска во последните шест и пол години – 5,6 одсто
Стапката на невработеност во САД во декември паднала на 5,6 одсто, најниско ниво во последните шест и пол години, бидејќи најголемата светска економија регистрирала најдобра година на планот на остварување нови работни места од 1999 година.
Според податоците на американското министерство за трговија, во економијата на САД во декември се отворени 252.000 работни места, што помогнало за соборување на стапката на невработеност за 0,2 проценти во однос на ноември. Тоа е стапка на невработеност која е значајно пониска од стапката на невработеност од 6,7 одсто од декември 2013 година и стапка од 10,0 одсто од врвот на финансиската криза во октомври во 2009 година
Најголем раст на вработувања е регистриран во секторот на услуги, ресторани и барови, но и во градежната индустрија, додека во преработувачкиот сектор дошло до послабо вработување.
Најновиот пад на стапката на невработеност е последица и на тоа што поголем број лица го напуштиле американскиот пазар на труд.
