Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста во оваа земја се намали до 4,4%

Невработеноста во оваа земја се намали до 4,4%

Вработувањaта во САД минатиот месец се зголемиле повеќе од очекуваното.  

Невработеноста се намалува до 4,4% – најниското ниво од мај 2007-ма година, објави „Bloomberg“.

Новите работни места се 211.000 или само 79.000 во март, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Просечната прогноза на економистите анкетирани од „Bloomberg“, беше за 190.000 нови работни места. 

На годишно ниво растот на платите се забавува од 2,6% во март до 2,5% во април. Тоа е најслабата стапка од август па наваму.

На месечна основа, растот на платите се забрзува од 0,1% во март до 0,3% во април.

Најголем придонес за вработување има секторот на услугите.

Подобрувањето на бизнис ставовите во САД најверојатно довеле до вработување и податоците би требало да ги поддржат Федералните резерви во неговата намера постепено да ја зголемува каматата во следните месеци.

Слично

Поврзани вести