Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста во Македонија се „стопи“ на 24.6%

Невработеноста во Македонија се „стопи“ на 24.6%

Невработеноста во Македонија забележа пад, намалуајќи се за 0,9 % во последниот квартал во 2015 година и изнесува  24,6%.

Податоците ги објави Државниот завод за статистика, а дека ова е досега најниска стапка на невработеноста во Македонија, изјави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Правиме максимални напори да донесеме инвеститори, да вложуваат и да отворат нови работни места, како и да им овозможиме одлични услови за правење бизнис. Работејќи го тоа, станавме шеста држава во Европа според добрите услови за водење бизнис и дванаестта во светот според рангирањето на Светска банка“ - вели Груевски.

Сево ова е резултат на многу труд и отварање на нови работни места, рече Груевски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 4-то тримесечје од 2015 година, активното население во Република Македонија брои 949 525 лица од кои вработени се 715 758, а 233 767 лица се невработени. Стапката на активност во овој период изнесува 56.6, стапката на вработеност 42.7, додека стапката на невработеност изнесува 24.6.

Слично

Поврзани вести