Невработеноста во Грција ќе стигне до 38,4%?
Невработеност во Грција во октомври изнесувала 26,8 проценти, соопшти националната статистичка служба ЕЛСТАТ.
Минатата година секој ден без работа останувале околу илјада лица, односно од октомври 2011 до октомври 2012 година без работа останала приближно 370.000 луѓе. Бројот на невработени се искачил на 1,34 милиони луѓе, од кој најголем број во Солун.
Како што пренесува весникот „Елефтеротипија“, невработеноста лани пораснала за 7%, а ако се задржи вакво темпо до крајот на 2013 година ќе достигне 38,4 проценти.
Слично
