Невработеноста во Грција годинава ќе порасне до 29%
Најголемиот грчки синдикат на вработените во приватниот сектор соопшти дека според неговите истражувања, невработеноста во земјата до крајот на годинава ќе достигне 29 проценти, а во земјата невработени ќе бидат милион и 450 илјади луѓе.
Последните податоци од грчкиот завод за статистика покажуваат дека во четвртиот квартал од 2012 година невработеноста достигна 26 проценти.
Од Синдикатот исто така посочуваат дека просечниот бруто приход во Грција паднал за 29 отсто од 2009 година, додека просечната цена на стоките и услугите пораснала за 17 отсто во споредба со цените од 2007 година, пред да започне кризата.
Слично
