Невработеноста во Германија расте седум месеци по ред
Веќе седми месец по ред расте невработеноста во Германија. Стапката на невработеност за месец октомври е зголемена како резултат на негативното влијание на кризата во еврозоната врз најголемата европска економија.
Според податоците на Федералната служба за вработување, само последниов месец, бројката на Германците кои немаат работа се зголеми за 20.000 во однос на септември, и сега изнесува 2,937 милиони.
Слично
