Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво

Официјалните бројки покажаа дека стапката на невработеност на 19-члената еврозона е на најниско ниво од глобалната финансиска криза.

Евростат објави дека стапката на невработеност во блокот падна на 7,8 отсто во јануари и остана непроменета од декемвриската стапка, ревидирана од претходно објавена стапка од 7,9 отсто.

Ова е најниска стапка на невработеност во еврозоната од октомври 2008 година.

Агенцијата за статистика објави дека минатиот месец 23.000 луѓе ja напуштија невработенoста, со што вкупниот број на лица кои не се вработени во еврозоната се намали до 12.85 милиони.

Покрај овие податоци, Еуростат утврди дека инфлацијата се зголеми за време на февруари, како резултат на мало зголемување на трошоците за енергија.

Потрошувачките цени се зголемија за 1,5 отсто во однос на претходната година, во споредба со 1,4 отсто во јануари, објави Асошиеjтед прес.


Слично

Поврзани вести