Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста топ проблем, 70% од младите сакаат да се иселат од Албанија

Невработеноста топ проблем, 70% од младите сакаат да се иселат од Албанија

Расте бројката на младите во Албанија кои сакаат да емигрираат надвор од земјата. 70 % од нив веднаш би заминале од државата, а за 80% од младите на возраст од 16 до 27 години, најголем проблем е вработувањето, покажува  студијата на Фондацијата Фридрих Еберт.

Студијата покажала дека 96% од младите во Албанија не им веруваат на политиката и политичките лидери во земјата, 70% сакаат да емигрираат надвор од земјата, а за 80% најголема загриженост предизвикуваат невработеноста и сиромаштијата.

„Албанската младина  размислува на паралелен начин, нема доверба во политиката, а од друга страна се младите се зачленуваат во политичките партии само за да дојдат до вработување. Поврзаноста со политиката се гледа како сигурност за иднината“, анализира директорот на Фондацијата, Франк Хантке, за кого ваквите податоци се чудни за една демократска држава.

Слично

Поврзани вести