Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста останува најголем проблем во Србија

Невработеноста останува најголем проблем во Србија

Според последното истражување на Б92 и „Ипсос стратеџик маркетинг“,  47 проценти од граѓаните сметаат дека Србија се движи во добар правец, но невработеноста останува проблем кој најмногу ги загрижува граѓаните.

 37 проценти од испитаниците сметаат дека земјата се движи во погрешен правец, додека 16 проценти останале без одговор.

Сепак анализира Б92, во декември минатата година првпат бројот на граѓани што сметаат дека зејата се движи во позитивен правец бил поголем од процентот на испитаници што сметаат спротивно, но разликата била минимална. Сега таа е значително поголема, дури 10 проценти во корист на оние што сметаат дека Србија се движи во добар правец.

44 проценти од граѓаните сметаат дека најголем проблем на Србија во 2013 година е невработеноста, а девет отсто се загрижени поради нискиот животен стандард, осум проценти за корупцијата, додека на четврто место е Косово со шест отсто.

Истражувањето било изработено на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници.
Слично

Поврзани вести