Невработеноста на младите во Европа -„балкански синдром”
Последните податоци покажуваат дека пазарот на трудот во Европа не се опорави од ударите на кризата.
Високата емиграција создава голем притисок на пазарот на трудот во Бугарија така што 70% од компаниите во соседна Бугарија се жалат дека не можат да најдат кадри. Невработеноста на младите во Европа е прилично „балкански синдром" и е особено карактеристична за земји како Србија, Хрватска и Грција.
„Бизнисот исто така се реструктуира и менува. Ќе има фирми кои нема да издржат на овие промени, а дигитализацијата ќе замени многу позиции со роботи. Работните места кои беа изгубени, нема да се вратат“ - вели бугарскиот експерт, Надја Василев.
Таа додава дека во САД исто така ќе има голем недостиг на кадри и според пресметките ќе им требаат околу 18 милиони луѓе.
