Невработеноста ќе се намали на 8,6 отсто, а БДП ќе расте
Се предвидува раст на бруто-инвестициите во земјава за 36,2 отсто во 2026 година.
Економскиот раст за оваа година е проектиран на 4,1 отсто, а во периодот 2022-2026 година се предвидува просечен раст од 5,4 отсто.
Поволното меѓународно окружување и процесот на имунизација се очекува да влијаат позитивно врз очекувањата и довербата на домашните економски субјекти и склоноста за инвестирање и потрошувачка.
Невработеноста ќе се намали на 8,6 отсто, а стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3 отсто. Ова се оптимистички проекции зацртани во новата фискална стратегија на Министерството за финансии.Јавниот долг на државата до крајот на оваа година ќе изнесува 63.9 проценти од бруто-домашниот производ. Премиерот Зоран Заев вели дека намалувањето на јавниот долг ќе се прави со поголем раст на БДП, но и намалување на вработените во администрацијата.
foto freepik
Слично
