Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста им е рекордна, а работна сила немаат

Невработеноста им е рекордна, а работна сила немаат

Во Босна и Херцеговина имаат армија невработени, а работодавачите имаат проблем да најдат соодветен кадар. 

Бројот на невработени лица е над половина милион. 

Се смета дека проблемот е во лоши статистики, лошо поттикнување на вработувањата и несоодветна работа на Заводот за вработување. 

Според податоците од  „World Top 20", во БиХ има 41,75% невработени, и таа е прва во Европа по овој неславен податок, и трета во светот, а пред неа се само Конго и Џибути. 

Во подобра положба според овие бројки е Авганистан, Лесото, Ангола. 

Економистите во земјата велат дека и оние кои имаат работа заминуваат во странство, затоа што не гледаат перспектива. 

Лани 16.653 луѓе си заминале од БиХ, а 30.000 чекаат работни визи за во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести