Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста и желбата за иселување – најголем проблем на Македонија

Невработеноста и желбата за иселување – најголем проблем на Македонија
Македонците се најголеми песимисти дека проблемот со невработеноста ќе се промени, покажува истражувањето на ,,Балкан барометар”, спроведено од Советот за регионална соработка. Невработеноста, но и желбата да се напушти државата се клучните проблеми на Македонија, се констатира  во истражувањето кое е дел од стратегијата наречена ,,Југоисточна Европа 2020”. Министерот за економија Беким Незири, вели дека се правеле максимални напори за да се намали невработеноста, со отворање нови работни места, преку привлекување на странски инвеститори. Од друга страна, според генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ, во земјата го нема очекуваниот ефект од странските инвестиции, затоа што дел од нив доаѓале со корумпирано раководство  кое е далеку од постоечката етика во работењето. Инаку, Советот на регионална соработка со стратегијата за „Југоисточна Европа 2020“, ќе се обиде на земјите од регионот да им помогне во надминување на клучните проблеми со кои се соочуваат.
Слично

Поврзани вести