Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста благо се намалува

Невработеноста благо се намалува
Стапката на невработеност во Македонија во вториот квартал од годинава изнесува 28.2%, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Ова претставува намалување за 0,2% во од однос на претходниот прв квартал годинава и за 0,8% во однос на просечната стапка на невработеност регистрирана во текот на целата ланска година. И натаму расте бројот на невработени млади до 24 годишна возраст. Во вториот квартал од годинава, според податоците на Државниот завод за статистика (ДРЗ) објавени денеска, 55,2 отсто од невработените во земјава се млади на возраст од 15 до 24 години или повеќе за 3,5 отсто во однос на истиот период лани. Во второто тримесечје лани на оваа возрасна група биле 51,7 отсто од невработените. Статистичкитге податоци покажуваат дека во второто тримесечје активното население во Република Македонија брои 957 790 лица од кои вработени се 687 465, а 270 325 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност 41.1%.
Слично

Поврзани вести