Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто. Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во април беше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, објави денеска германската Сојузна агенција за труд.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

Побарувачката за работници исто така благо се намалува. 

Стапката на невработеност во Германија годинава ќе се зголеми на шест проценти, пресмета IW.

Слабоста на германската економија почнува да се манифестира на пазарот на трудот, предупреди во петокот економскиот институт IW во своето последно истражување, оценувајќи дека до крајот на годината бројот на невработени би можел да достигне највисоко ниво во последните речиси десет години.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести