Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРАБОТЕНОСТ И КРЕДИТИРАЊЕ: Најчести прашања од граѓаните во владиниот кол центар

НЕВРАБОТЕНОСТ И КРЕДИТИРАЊЕ: Најчести прашања од граѓаните во владиниот кол центар

1.579 граѓани се јавиле во текот на изминатата недела во владиниот кол-центар на телефонскиот број 02/324-8040, а најчестите прашања се однесувале за финансиска поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволите за движење во полициски час

Постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните, притоа, најчесто поставувани прашања (96%), од вкупниот број прашања се следните:

-можноста за користење на финансиска поддршка за исплата на минимална плата за работниците;
- можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа;
- кредитирањето преку Развојна банка на Република Северна Македонија;
- постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час, стои во соопштението.

На прашањата кои пристигнуваат во контакт центарот, одговараат стручни лица, а одговорите може да се добијат на македонски и на албански јазик. Кол центарот работи од 8:00 до 17:00  часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот.


Слично

Поврзани вести