Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработените во Штип ќе добијат можност за работа

Невработените во Штип ќе добијат можност за работа
Можност за работа со скратено работно време ќе имаат невработените лица во општина Штип  и за тоа да добиваат одреден надоместо со цел да се стекнат со некакво работно искуство и вештина за подоцна полесно да дојдат до нова работа.
Градоначалникот на општината, Илчо Захариев денеска ќе ја претстави програмата „Општинско – корисна работа“ која предвидува на долгорочно невработените лица да им се даде шанса за социјална вклученост преку работа. Програмата, исто така, преку обезбедување на услуги од социјалната сфера треба да им помогне на лица од социјално загрозените семејства во општината.
За ова имаат право да се пријават сите кои имаат статус на долгорочно невработен и/или ако се членови на социјално загрозени семејства: деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, родители на деца на улица, самохрани родители, собирачи на ПЕТ отпадоци, Роми, осудено лице по отпуштање од  казнено поправна установа,  поранешни корисници на дрога, други тешко вработливи категории невработени лица.
Лицата кои ќе бидат ангажирани ќе добијат привремено вработување од шест месеци, месечн надоместок од 6.000 денари за 20 работни часа, можност за стекнување нови работни вештини и работно искуство. Сепак статусот на невработено лице останува непроменет, а ба невработени кои се корисници на социјална помош за време на работното ангажирање оваа помош ќе им биде ставена во мирување се’ до истекот на работниот ангажман.
Слично

Поврзани вести