Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработените по СМС и мејл ќе се известуваат за конкурсите

Невработените по СМС и мејл ќе се известуваат за конкурсите
На новата веб страна на Агенцијата за вработување, невработените ќе можат да оставаат свои биографии, да читаат огласи за работа, но и да бидат известувани со порака на телефон или мејл за слободните работни места за кои се регистрирале. На промоцијата на страницата, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека овој портал ќе биде од големно значење за сите коишто бараат и нудат работа. „ На овој начин сакаме да дадеме придонес кон подобрување на информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на граѓаните за барање работа. Пред се , со овој проект се овозможува брз и релевантен извор на информации од прва рака, добивање информација во секое време и следење на огласите за работа на ефтин и едноставен начин“, изјави Спасов. Во моментов има 4.851 слободно работно место. Најмногу се бараат продавачи, келнери и шанкери, работници, обезбедувачи, пекари. „Сите оние што го оставаат своето CV на вебот на Агенцијата потребно е да ги пополнуват клучните податоци, зошто само така најлесно ќе дојдат до вработување“, посочи директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски. Во моментов, 95.279 граѓани бараат работа, ингормира Поповски. Вели дека  очекува секој месец да расте бројката на вработени.
Слично

Поврзани вести