Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработените нема да плаќаат такса за ХТВ, Хрватска носи нов закон за медиуми!

Невработените нема да плаќаат такса за ХТВ, Хрватска носи нов закон за медиуми!
Обврската за плаќање на таксата за хрватската државна телевизија ХРТ со новите законски измени кои се планираат за идната година, повеќе нема да се плаќа по домаќинство, односно по телевизор или компјутер, туку че се плаќа секое лице кое живее во Хрватска, открива „Нови лист“. Новата даночната реформа за ХРТ е составен дел на законска регулатива за медиумите која ја носи оваа влада и на која интензивно се работи со цел да биде донесена што е можно побрзо во 2013 година. Такса за ХРТ веќе нема да плаќа секој кој има приемник, ниту пак сите ќе плаќаат иста сума. Висината на надоместокот ќе зависи од приходите, а нема да го плажаат на пример оние кои се невработени, пишува „ Нов лист“. „Реформите во плажањето такса за државната телевизија не значат нејзино укинување , а ова секако ќе биде едно од клучните прашање во дебатата за медиумската политика која се интензивира“, вели Милан Ф. Живковиќ, главен советник за медиумите во Министерството за култура. Според новиот систем на фактурирање, објасни Живковиќ, за хипотетичко домаќинство од двајца членови со просечни приходи нама да биде практично ништо променето, освен тоа што наместо сегашните осумдесет куни(10 евра), во иднина двајцата ќе плаќаат по четириесет куни.
Слично

Поврзани вести