Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработените кумановци денеска ќе си ја пробаат среќата на Саемот за вработување на АВРМ

Невработените кумановци денеска ќе си ја пробаат среќата на Саемот за вработување на АВРМ
Работодавци од регионот денеска ќе ги информираат невработените кумановци за слободни работни места на Саемот за вработување, што во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска ќе се одржи во Куманово. Карванот на Саемот за вработување ќе биде поставен во Центарот за култура „Трајко Прокопиев" и ќе биде отворен за посетители од 10 до 15 часот. Во овој временски интервал невработнеите и лицата кои бараат нова работа ќе имаат можат да се сретнат со работодавците од регионот и да се информираат какви работни места им се нудат. Саемот во Куманово е продолжение на активностите што Агенцијата за вработување ги реализираше изминатиот период во повеќе градови во државата за организирање директни контакти на работодавачите со лицата кои бараат работа. Вакви саеми до сега се одржаа Скопје, Штип, Неготино, Струмица, Охрид и Битола.
Слично

Поврзани вести