Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРАБОТЕНИ СЕ 218 601 ГРАЃАНИН: Еве колку од нив се со завршен факултет

НЕВРАБОТЕНИ СЕ 218 601 ГРАЃАНИН: Еве колку од нив се со завршен факултет

Во првото тримесечје од 2017 година активното население во Република Македонија брои 952 644 лица од кои вработени се 734 043, а 218 601 лица се невработени.

Ова е според  податоците на Државниот завод за статистика. 

Од 218 601 невработени во Македонија,  6 319 се без завршено основно образование, 48 921 со основно, 13 786 се со 3 години средно, 102 094 со 4 години средно,  2612 се со вишо, а 43 612 со високо образование. 

Стапката на активност во овој период е 56.7, стапката на вработеност е 43.7, додека стапката на невработеност е 22.9.

Во земјава работоспособни се 1 679 462 луѓе. 

За споредба, во последниот квартал лани 1 679 290 граѓани биле работоспособни, а во првиот квартал лани таа бројка била 1 678 411 луѓе. 

Меѓу работоспособните луѓе во првото тромесечје од 2017 година најбројна е возрасната група од 25 до 49 години и во неа спаѓаат 777 271 луѓе. 

Слично

Поврзани вести