Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработени од Скопје, Куманово и Велес добија грантови за самовработување

Невработени од Скопје, Куманово и Велес добија грантови за самовработување

Невработени лица од Скопје, Куманово и Велес добија грантови од по 3.000 евра за отворање на сопствен бизнис. 

Со оваа помош од државата тие ќе се самовработат.  Деновиве ќе бидат доделени и грантовите за другите градови и со тоа ќе се заокружи втората фаза од проектот. Со завршувањето на оваа фаза ќе бидат доделени вкупно 900 грантови.

„Мерката грант за самовработување на невработени лица во износ од 185.000 денари неповратни средства за опрема и репроматеријали се покажа како една од најзначајните мерки во отворање нови работни места. Досега преку неа се отворени нови 8.158 мали бизниси. Таа им помогна на огромен број невработени лица да се охрабрат да го започнат сопствениот бизнис, да ја започнат со реализација својата бизнис идеја, а со тоа да се самовработат, да обезбедат приходи за егзистенција“ - објаснува дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Директорот на АВРМ, Влатко Поповски вели дека секој циклус е поделен во три фази и се релизира во зависност од завршените предмети од страна на комисиите кои ги оценуваат.

„Третиот циклус за кој повикот заврши во петокот, ќе биде завршен до крајот на годината“ -  рече Поповски, додавајќи дека третиот циклус опфаќа 100 нови грантови.

Од воведувањето на оваа мерка, во Македонија се отворени над 8.150 мали бизниси. Голем број од нив, по почетното самобработување, почнале да вработуваат и други лица. Во некои од нив сега има по 2, 3, 10, 15, а во некои и по 30 вработени лица.

Слично

Поврзани вести