Невработени од Куманово добија уверенија за електроинсталатер и електромонтер
Десетина невработени лица, евидентирани во Агенцијата за вработување во Куманово добија уверенија за стручно усовршување за занимањата електроинсталатер и електромонтер за станбени објекти од електротехничка струка која функционира во средното училиште „Наце Буѓони“.
Обуката за овие занимања траеше четири месеци.Агенцијата за вработување го спроведува овој проект за обука на дефицитарни кадри.
- Секој центар прави анализи на локалниот пазар на трудот,по што се подготвува извештај кој се разгледува во Агенцијата за вработување која утврдува кој кадар е дефицитарен за конкретната општина, вели Младена Јаќимовска од Центарот за вработување Куманово.
Освен во ова училиште и во останатите две стручни училишта „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ од Куманово се спроведуваат обуки за преквалификација за чевлари и козметичари. Проектот се реализира со финансиска поддршка на УНДП.
- Овие невработени лица посетуваа два месеца теоретска обука во училиштето „Наце Буѓони“, а еден месец практична настава во две приватни кумановски фирми,чија дејност е иста согласно занимањето, вели директорката на училиштето, Лидија Михајловска.
Овој проект се спроведува веќе втора година,а како што информира Михајловска, дел од лицата кои минатата година следеле обука веднаш се вработиле. Оваа година,училиштето ќе аплицира за уште две нови струки болничар од здравствената струка и машински техничар и механичар
