Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработени бремени жени нема да плаќаат за микробиолошки тестови

Невработени бремени жени нема да плаќаат за микробиолошки тестови
Нова мерка на Министерството за здравство - бремените жени кои примаат социјална помош, минимална плата или се невработени нема да плаќаат партиципација за микробиолошки брисеви во рамки на предвидените прегледи за време на бременост. Мерката е дел од Програмата за мајки и деца која е изменета во однос на програмите изминатите години, вели министерот за здравство Никола Тодоров. „Согласно проценките станува збор за околу 6.000 бремени жени годишно кои ќе бидат опфатени со оваа програма за можност за бесплатни брисеви. Нема да има ограничување доколку има поголем број бремени жени во текот на годината односно има можност да ја прошириме оваа програма. На овој чекор се одлучивме затоа што податоците говорат дека токму предвременото раѓање и недоносеност се почести кај ранливите групи жени, жени со понизок социо-економски статус, како и жени од рурални средини“, додава Тодоров. Бремените жени кои ќе сакаат да ја искористат оваа мерка потребно е да достават потврда дека се невработени од Агенцијата за вработување, доказ дека се приматели на социјална помош од центрите за социјална работа или потврда дека примаат минимална плата. Микробиолошките брисеви кои ги зема матичниот гинеколог, бремените жени треба да ги достават до Институтот за јавно здравје, Институтот за микробиологија или во десетте центри за јавно здравје низ државата.
Слично

Поврзани вести