Невладини организации против предложените измени за породилното отсуство
Неколку невладини организации бараат Владата и Фондот за здравствено осигурување да се повлечат од планираните законски измени со кои товарот за породилното отсуство и за боледувањата треба да падне врз фирмите, кои потоа ќе треба да си бараат пари од државата.
Невладините се сомневаат во владиното образложение дека на овој начин парите побрзо ќе стигнат до родилките и болните, туку претпоставуваат дека ова ќе се претвори во уште еден аргумент за работодавачите да не вработуваат жени во репродуктивен период.
„Наместо фондот да изготви предлог мерки за полесен пристап до парите од породилно одсуство, на овој начин тој се отежнува. Работодавачите сигурно ќе размислат пред да вработат млада жена“, велат од Мрежата за заштита од дискриминација.
Против се и работодавачите, кои сметаат дека на овој начин ќе треба да го понесат товарот за исплата на боледувањата, што сериозно ќе им ги зголеми трошоците.
Фондот за здравствено осигурување смирува - се уште се разгледуваат можните модалитети за имплементација на овој проект, а ако биде усвоен, имплементацијата би започнала од 2016-та година.
ПОРОДИЛЕН НАДОМЕСТОК: удар за фирмите!
Слично
