Невладината протестира, општината демантира дека црквата ќе се руши
Илјадници граѓани кои протестираат против уривањето на црквата Свети Константин и Елена пред општина Центар, попладнево се судрија со вработените во општината. Иако беа дочекани со катанец на врата, демонстрантите се обидоа да влезат насилно во просториите на општината, но полицијата ги спречи.
Револтираните граѓани во дворот на општината извикуваа „Жерновски - комунист! Жерновски - антихрист! Бараме оставка!“ Како и дека црквата се гради за сите скопјани и Македонци и дека поради тоа дошле да ги поддржат протестите.
Дел од демонстрантите успеале да влезат и во просториите каде Советот ги одржува седниците за измените во урбанистичкиот план.
Денешниот протест го благослови и Владиката Агатангел.
-Го молиме да престане со овој атак и да ги исфрли тие “буби“ во главата што ги има, бидејки ако му се собере народот тешко ќе биде, изјави денеска Агатангел.
Невладината „Веритас“ го обвини градоначалникот дека со измените на ДУП-от со кој се предвидува враќање на зелените површини Општината ќе започне со уривање на црквата Св.Констатин и Елена.
Сепак од општината информираат дека тоа не е точно, бидејќи предлог- одлуката за укинување на ДУП-от, воопшто не подлежи на укинување на објекти кои се во градба и за кои е издадена документација.

Слично