Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невидени турканици пред банките: Се бараат државните 6.000 денари

Невидени турканици пред банките: Се бараат државните 6.000 денари

На интернет страницата kupuvamdomasno@gov.mk беа објавени викендов списоците со граѓаните кои исполнуваат услови и добиваат по 6.000 денари на трансакциска сметка.

Парите се исплаќаат директно на трансакциска во банка во која добитникот веќе поседува сметка. Тие кои немаат активни сметки во ниту една банка, ним ќе им биде отворена додека ако немаат картичка таа ќе им биде доделена. Иако парите се уште не се пуштени, од утрово групи граѓани побрзаа во банките да се распрашаат за парите. Стрмица денес објави фотографија од денеска која покажува колкав наплив на луѓе има пред банките. 

Од Македонската банкарска асоцијација веќе апелираа граѓаните да не доаѓаат во банка. Рекоа дека процесот ќе биде електронски, а во банка треба да дојдат само тие кои немаат картичка. Повикаа да не се оди во банка без потреба. 

Фотографијата е преземена од Струмица денес со претходна согласност

Слично

Поврзани вести