Невидена измама: Успешна компанија изгуби 1,6 милиони евра поради е-пошта
Естонска компанија претрпе огромни загуби поради измама позната како BEC (компромитирање на деловна е-пошта), потврди полицијата на која и беше пријавена измамата во четврток. Според прелиминарните податоци, износот на штетата е 1,6 милиони евра, пишува Ärileht.
Според првичните информации, компанијата добила е-пошта од својот партнер со барање идните сметки да бидат платени на друга банкарска сметка. Измамниците ја поставиле пораката да изгледа како да е испратена од претставници на партнерската компанија, но всушност станува збор за лажна сметка.
Ова е шема во која измамниците влегуваат во електронска кореспонденција или испраќаат фишинг пораки, сметајќи дека примателот ќе поверува во содржината на е-поштата поради невнимание и ќе го изврши бараното плаќање. Тие често се претставуваат како менаџери или вработени и бараат итно да се изврши одредено плаќање.
