Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВЕСТАТА ВО ШЕСТАTA, МЛАДОЖЕНЕЦОТ ВО 9-ТА ДЕЦЕНИJA И СЕГА ЧЕКААТ БЕБЕ: Целиот Балкан зборува за Асмира и Шабан од Босна

НЕВЕСТАТА ВО ШЕСТАTA, МЛАДОЖЕНЕЦОТ ВО 9-ТА ДЕЦЕНИJA И СЕГА ЧЕКААТ БЕБЕ: Целиот Балкан зборува за Асмира и Шабан од Босна

Шабан Мујиќ и неговата сопруга Асмира станаа главна тема на медиумите на Балканот откако се дозна дека Асмира која е во шестата деценија останала трудна. Тоа можеби и не е толку чудно, доколку таткото на бебето, Шабан, не е веќе во деветтата деценија од животот.

Брачниот пар од Босна и Херцеговина, веќе извесно време е во врска, а овој ноември решија и официјално да се венчаат. Асмира (51) и Шабан (83) станаа главна тема откако објавија дека следната година очекуваат бебе.

Како што изјави Шабан во интервјуто, неговиот рецепт за успех е тоа што не се штеди на себе, сака да јаде добро, а не може да живее без телешко месо. Од првиот брак тој веќе има четири деца. Три сина и една ќерка. Шабан открива како тој и Асмира се запознале.

- Таа работеше кај мене кога се пензионирав. Била во многу тешка ситуација, со три деца, а нејзиниот сопруг не се грижел за нив. Секогаш праведно ја плаќав. Помагав кога можев.

Бебето треба да се роди во април или мај следната година.

- Асмирае со мене една година. Пораѓањето се очекува во април или мај, ако даде Господ. Среќен сум со што и да ми даде драгиот Бог, машко или женско.


Слично

Поврзани вести