НЕВЕРОЈАТНО: Тие секогаш знаат кога е време да побегнат од земјотресот
На 18 април во Мексико Сити имаше силен земјотрес со интензитет од 7,2, што ги натера луѓето да се кријат под масите. Потресите се честа закана за 20-милионското население на градот, кое преживува десетина послаби земјотреси годишно. Паниката сепак се намалува од фактот дека луѓето знаат за земјотресот неколку минути пред земјата да почне да трепери. Moжеби звучи чудно, но е вистинито.
Пред големиот земјотрес овој месец многу Мексиканци веќе ги напуштиле зградите во потрага по безбедно место. Никаде во светот, предвидувањето на земјотресите не е можно на овој начин. Како го прават тоа во Мексико?
Во 1985 година цели населби од мексиканската престолнина беа срамнети со земја по силен земјотрес со интензитет од 8,1 степен. Жртвите беа над 10 илјади. Штетите огромни - делови од градот се уште се опоравуваат од оваа катастрофа. Влијанието врз општеството и стравот кој го чувствуваат граѓанит се уште е големо.
Според некои историчари токму земјотресот придонесе за крајот на хегемонијата на Институционалната револуционерна партија, чија неспособност да се справи со последиците ги поткопа нејзините претензии да е партијата која најдобро знае како се управува. Размерот на катастрофата и несоодветниот одговор на државата предизвикаа невидена јавна реакција. Жителите на Мексико Сити одлучија дека следниот пат ќе бидат по подготвени.
По неколку години тие веќе немаат попаметен систем за рано предупредување. Епицентарот на земјотресите кои влијаат на Мексико Сити, лоциран приближно во центарот на земјата, обично е на југ - таму се среќаваат северноамериканската континентална плоча и Кокосовата плоча. Тоа значи дека земјотресите прво се чувствува во држави како Оахака на пацифичкото крајбрежје.
Затоа сеизмолозите инсталираа сензори во јужниот дел на земјата, кои ги препознаваат првите потреси и праќаат предупредување до главниот град. Сеизмичкиот бран се движи со брзина од над 11 илјади километри на час. Звучи брзо, но тоа значи дека на земјотресот му требаат околу 2 минути, за да го помине растојанието од над 300 километри од Оахака до Мексико Сити. Во меѓувреме сигналот од сензорите се пренесува во пракса истовремено во главниот град, каде се активираат алармите. Тие им даваат доволно време на луѓето да избегаат на улиците, пред да пристигне земјотресот.
Зошто во другите држави нема вакви системи за рано предупредување?
Во Јапонија има сличен систем, а Калифорнија се обидува да изгради. Генерално, сепак тие обезбедуваат многу помалку време од системот во Мексико. Причината е дека Јапонија и Калифорнија, како и повеќето земјотресни зони всушност се наоѓаат токму на пукнатини. Затоа земјотресите таму доаѓаат миг по првите потреси.
За разлика од нив, Мексико Сити лежи на стотици километри од најблиските пукнатини што му дава 1-2 минути пред да го погоди бранот. Обично толку оддалечена локација не би била земјотресна зона, но мексиканската престолнина е изградена на дното на пресушено езеро, поради што меките почви ги засилуваат дури и слабите земјотреси до моќни земјотреси. Значи силата на системот за рано предупредување на градот е изграден токму врз слабоста на неговите основи.
K.K.
