Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неверојатно: Косовска делегација непоканета влета во ОН, а Тачи дури и се сретна со Трамп

Неверојатно: Косовска делегација непоканета влета во ОН, а Тачи дури и се сретна со Трамп

Неверојатно, но вистинит е успехот на делегација од косовскиот државен врв да успее без покана да се најде во седиштето на Обединетите нации за време на Генералното собраниа, а претседателот на протекторатот, Хашим Тачи, успеа дури и да се види во неговиот пандан од САД, Доналд Трамп.

Покрај Тачи. во делегацијата биле уште премиерот Рамуш Харадинај и шефот на дипломатијата Беџет Пацоли.

Од ОН го потврдија случајот дека претставниците на Косово присуствувале без покана.

- Тие официјално не се поканети, од познати причини, и во Њујорк можат да бидат само приватно. Во работата на Генералното собрание учествуваат само претставниците на државите членки на ОН, а во расправата на високо ниво можат да зборуваат само претставници на земјите членки и постојаните набљудувачи. Статус на постојан набљудувач имаат само Ватикан и Палестина, додека тоа не важи за Косово - рекол портпаролот на ОН.

Од Приштинабеше најавено дека Тачи, на маргините на заседанието на Генералното собрание ќе се сретне со Трамп, но засега тоа не е потврдено освен фотографијата што осамна на твитер профилот на косовскиот претседател.

Косово во моментов нема статус на земја-членка затоа што не е призната со консензус од Советот за безбедност.

Слично

Поврзани вести