НЕВЕРОЈАТНО: Ја скршил рампата на Табановце за да не плати царина
Возач на автомобил „опел вектра“ се изнервирал кога цариниците на граничниот премин Табановце му кажале дека ќе мора да плати царина за техничката стока што ја носел во автомобилот.
Разлутен, 51-годишниот А.Р. го свртел автомобилот во кој била и неговата сопруга, по потекло од Штип, ја искршил рампата на граничниот премин и избегал во правец на Куманово.
Мобилната екипа на царината се впуштила во потера и го фатила кај наплатната рампа Романовце. Сега не само што ќе мора да платат царина, туку и возачот и неговата сопруга ќе треба да платат и парични казни за прекршок.
Слично
