Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВЕРОЈАТНО: Дождот навистина го „заобиколи“ Крагуевац!

НЕВЕРОЈАТНО: Дождот навистина го „заобиколи“ Крагуевац!
Крагуевац е веројатно единствениот град во Србија, кој не е зафатен со поројни дождови, пишува Блиц, прикажувајќи и сателитски снимки кои тоа го потврдуваат. Во Србија е позната народната изрека за заобиколување - „Кружи како дожд околу Крагуевац!“, а таа изрека сега доби своја потврда и во пракса. Имено, на снимките од Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија јасно се гледа дека облаците ги зафаќаат речиси сите места околу Крагуевац, но не и овој град. Циклонот кој ја зафати Србија, но и Босна и Херцеговина и делови од Хрватска, веќе доби и име - „Тамара“, а ноќеска се очекува дождовите да продолжат.
Слично

Поврзани вести