Неверојатно: Авиокомпанија од Третиот свет со најточен распоред на летање во светот
Латвијски АирБалтик по четири години на врвот на листата на OAG, повеќе не е авиопревозник со најточно извршен распоред на летови, откако во рангирањето за 2018-та приматот и го зеде панамската национална компанија Панама Копа ерлајнс
Точноста е од клучно значење во конкурентноста во светот на комерцијалната авијација, а OAG ги зиемри сите 58 милиони летови минатата година.Летови што не доцнат се сметаат оние полетувања и слетувања кои се движат во рок од петнаесет минути од предвиденото време, а истовремено нема да бидат ниту откажани.
По четири години по ред, најдобро пласираната авиокомпанија - латвиски АирБалтик падна на второто место. Во 2018 година, компанијата Панама без доцнење и откажување превезе 89,79 отсто од редовните летови, што е подобро од латвиската компанија, која има 89,17 отсто временски прецизни летови.
Успехот на Копа ерлајнс се совпадна со успехот на аеродромот во Панама Сити, кој го освои првото место на листата по точност на аеродорми со средна големина со 91,11 отсто точни летови.
Хонг Конг ерлајнс се рангираше на третото место со 88,11 процент од закажани летови.
Хаваијан Ерлајнс е на четвртата позиција и е една од двете американски компании во топ 20. Втората е Делта, која е на 16-та позиција со процент на точност од 83,3.

