Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВЕРОЈАТЕН СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Државата исплаќала детски додаток за 59 деца кои не постојат!

НЕВЕРОЈАТЕН СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Државата исплаќала детски додаток за 59 деца кои не постојат!

За време на рацијата на облакодерот „Вајсен Ризен“ во Дуизбург, кој се смета за најпроблематичниот облакодер во Германија, беше откриена голема измама.

Жителите на зградата, главно со романско и бугарско потекло, користеле детски додаток за 59 деца кои всушност не постојат!

Според германски БИЛД, властите веќе подолго време замижуваат пред овој проблем, а измамата не ја откриле надлежните сојузни институции, туку градоначалникот на Дуизбург. Благодарение на неговата интервенција, беше спречена милионска злоупотреба на системот.

БИЛД пишува дека жителите на облакодерот „Вајсен Ризен“ со години незаконски добивале големи суми детски додаток, а властите исплаќале германски даночни пари за непостоечки деца. Овој скандал открива длабоки пропусти во германскиот систем на благосостојба и миграциската политика.

Овој случај јасно покажува дека нешто не е во ред во Германија, пишува БИЛД.

По разоткривањето на измамата, започнаа мерки за спречување на слични злоупотреби во иднина, но останува прашањето: како можеше ваква измама да трае толку долго без реакција од надлежните институции?

Феникс магазин

Слично

Поврзани вести