Сакате да дознаете како различните знаци стареат? Прочитајте подолу…
Овен – претпочитаат да не мислат за нивната возраст. Тие живеат за моментот и не размислуваат што ги очекува во утрешниот ден.
Бик – тоа се најфлексибилни, односно адаптибилни суштества – како во психолошка смисла, така и физички. Но независно од тоа, тие се издржливи и покрај болестите ќе живеат прилично многу долго.
Близнаци – уште додека се млади, поставуваат цели и цврсто ги следат без да го намалат темпото во текот на годините. Не се надевајте дека близнак ќе се врати од работа порано. Стремежот кон напредување во кариерата продолжува до пензија.
Рак – вообичаено се два вида: оние кои никогаш не растат и оние кои во староста сакаат да се грижат за другите. Од Раковите можат да излезат прекрасни “класични” дедо и баба, кои би сакале да имаат многу внуци.
Лав – се поблаги и солидни по природа, која се пројавува се посилно со текот на годините. Со приближувањето на староста тие веќе се премногу опуштени, искусни, и ќе бараат универзално почитување и авторитет.
Девица – тие обожаваат да одржуваат одлична физичка форма и добро здравје и постојано работат за подобрување на менталната активност. И како по правило ја пречекуваат староста со добар изглед, малку строги, но многу паметни.
Слично
