НЕВАКЦИНИРАНИТЕ НА УДАР: Еве какви мерки им спрема Грција
„Ова е неизбежна акција за заштита на населението“, рече Мицотакис, додавајќи дека повеќето од заразените и кои се на респиратори не ја примиле вакцината.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави низа мерки за граѓаните кои не примиле вакцина против коронавирусот, вклучително и забрана за влез во затворени јавни простори, освен во објекти каде се служи храна.
„Од понеделник, на невакцинираните граѓани нема да им биде дозволено да влегуваат во затворени простори, освен во установи за услуги за храна“, рече Мицотакис на нацијата, повикувајќи ги граѓаните да примат вакцина против коронавирус.
Досега невакцинираните граѓани во Грција влегуваа во затворени простории со негативен тест.
„Ова е неизбежна акција за заштита на населението“, рече Мицотакис, додавајќи дека повеќето од заразените и кои се на респиратори не ја примиле вакцината.
Во Грција од октомври расте бројот на заразени, а во средата се регистрирани 7.317 заразени лица.
Мицотакис рече дека сѐ уште е задолжително за сите да носат маска во затворени простории, но и на отворено каде што има многу луѓе.
