Неутврдена фактичка состојба: Укината пресудата на Дејан Ставриќ
На 6 мај минатата година очниот лекар Дејан Ставриќ беше уапсен а после 20 дена , на 26 мај осуден на казна затвор во траење од една година по обвиненијата дека примил мито за да му обезбеди инвалидска пензија на еден пациент.
Денеска од апелација одлучиле да ја укинат неговата пресуда поради констатирани суштествени повреди и неутврдена фактичка состојба, а со најновата одлука се издадени и одредени упатства до скопскиот кривичен суд, а кои ќе треба да бидат земени предвид на повторениот судски процес кој е закажан за седми април.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2014/05/06/koj-e-uapseniot-oftalmolog-dejan-stavrikj/" target="blank" ]Кој е уапсениот офталмолог Дејан Ставриќ? мај 6, 2014[/button]
„Судот да прибави правно-релевантни докази и да утврди дали Комисијата за оценка на работната способност при Фондот за ПИОМ со наодот, оценката, мислењето и одлуката дека кај оштетениот постои професионална неспособност за работа и работната способност е намалена за 51 отсто инвалидност од втора категорија, извршила службено дејствие што не смеела да го изврши“, се вели во упатствата што ги дава повисокиот суд.
Полицијата кога го приведе Дејан Ставриќ соопшти дека кај него биле пронајдени 2.000 евра во обележани банкноти кои ги зел од пациентот. Пред судот тој се бранеше дека целиот случај е конструкција и монтажа. Според него, парите што кај него ги нашла полицијата, не биле наменети за посредување за инвалидска пензија, туку за уплата за интервенција кај познат српски хирург, кој оперирал во приватната клиника во која работи и Ставриќ.
Судскиот процес против лекарот имаше само едно рочиште – во рок од неколку часа беа сослушани двете страни, се разгледаа доказите и веднаш беше донесена пресуда.
