Нестор бара поголеми права за Македонците во Албанија
Единствената македонска партија во Албанија, „Македонска алијанса за европска интеграција“ го имаше своето второ петминутно преставување на албанската државна телевизија, во кое злагањата на партијата ги презентираше Валентина Нестор, кординатор на жените на МАЕИ и носител на листата за регионот на Корча.
„Македонска алијанса, рече таа, се залага за унапредување на правата на сите Македонци во Албанија и дека тоа може да се постигне, само со поддржување на нашат партија, со што и ние да бидеме застапени во албанското собрание“ порача во своето обраќање Валентина Нестор.
Исто така Нестор рече дека е време кога секој кој се чувствува Македонец и има македонска крв, без разлика од претходните политички гледишта, да задржи патриотски и цивилизиран став и својот глас да го даде за македонска алијанса, за својата партија, зашто амо така ние може да ги унапредуваме нашите права за вработување, школување и информирање на мајчин јазик.
Но, пред се, мора самите да бидеме интегрирани во албанското општество, не како граѓани од втор ред, но како лојални граѓани. Ние се залагаме за заштитата на македонскиот јазик, култура и обичаи е заштита на нашиот идентитет, е чување на нашето достоинство. Тоа е граѓанска и морална одговорност за секој Македонец. Тоа е наша одговорност кон идните генерации, порача Нестор.
Претходно на 1-ви јуни 2013 година, програмата на МАЕИ ја престави Валбона Сербин, кординатор на младите на МАЕИ со која се надеваат дека ќе ги придобијат гласачите на престојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 23 јуни во Албанија.
Слично
