Економија, финансии, бизнис

Контакт

Несторовски: Магистерскиот труд на Груевски за инвестициите беше добар, но ништо од тоа не се преслика во Македонија!

Несторовски: Магистерскиот труд на Груевски за инвестициите беше добар, но ништо од тоа не се преслика во Македонија!
Професорот Методија Несторовски кој беше ментор на премиерот Никола Груевскии рецензент на магистерскиот труд „Кон излезот“, посветен на странските директни инвестиции смета дека има голема разлика меѓу она што Груевски го напиша во својот труд до практиката, тоа што се случува на теренот. Магистерскиот труд е теоретски добро поставен, но во делот за политичката стабилност, која премиерот ја посочил како услов за привлекување на странски инвестиции, професорот вели: „Премиерот Никола Груевски очигледно не обрнал внимание кога во својот стручен труд напишал дека главен предуслов за странските иневстиции е политичката стабилност. А токму политичката стабилност, односно кон демократијата, да ја направиш опозицијата партнер, стабилното судство, се се тоа главни услови за привлекување на странски инвестиции. Корупцијата ни стана централна тема , еве девет години ние зборуваме за овие прашања“, вели професорот. Тој смета дека концептот за привлекување на странски инвеститори е оправдан, но мора да се знае колку тој чини. Од една страна кога се сумираат ефектите треба да се кажат и трошоците, вели во интревју за 24 Вести универзитетскиот професор Методија Несторовски. „Кај нас странските компании се скокачи, тие не доаѓаат на нашиот пазар, туку нашиот пазар им е отскочна точка кон европскиот. И тука е слабоста на моделот, го исцрпуваат тоа што им се нуди и треба да се очекува дека по Џонсон Контролс, ќе има и други што ќе заминат“ , вели професорот Несторовски.
Слично

Поврзани вести