Нестле ги намали цените на 600 производи!
Во врска со најновиот скок на вредноста на швајцарската валута, компанијата Нестле одлучила да ги намали цените на повеќе од 600 производи кои се увезуваат од еврозоната.
Нестле сака да ја поддржи куповната моќ на швајцарските потрошувачи и да ги воздржи од „шопинг“ туризам.
„Поради откажувањето на централната банка курсот на домашната валута да го држи на ниво од 1,20 франци за евро, цените на нашите производи конвертувани во евро се зголемени повеќе од 15 одсто за само еден ден“, истакнал на конференцијата за новинари генералниот директор на компанијата Нестле, Еугенио Симиони, пренесува швајцарскиот весник 24часа.
Тој додава дека нивните приоритети сега се да се намалат трошоците на производство како би го задржале обемот на производство и удел на пазарот.
Истиот извор потсетува дека Нестле во Швајцарија вработува 3400 лица во секторот на производство, логистика, продажба и администрација.
Групацијата располага со осум производствени погони чии две третини од производството се наменети за извоз.
