НЕСОНИЦА – МЕНАЏЕРСКИ СИМПТОМ!!!
Квалитетниот сон е предуслов за човечкото здравје, успешно извршување на работните и домашните обврски и добро расположение. Сепак деловните луѓе честопати, под притисок на секојдневните обврски, несвесно влегуваат во повторливо стресно сценарио: рано станување, брзање, подготовка за на работа, врзување на вратоврската, заминувањето со автомобилот и константна стресна трка со времето што на крајот од денот резултира со несоница.
пишува М-р по фармација Кирил Пецевски
Американските научници неодамна извршија истражување меѓу мажи на возраст од 30 до 45 години кое покажа дека дури 40 отсто од младите деловни луѓе во земјата патат од таканаречениот менаџерски синдром како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место. Психолошкото оптоварување кај деловните луѓе, кои дневно работат и по повеќе од десет часа, е за 2,6 пати поголемо отколку кај оние кои се занимаваат со земјоделство или со физичка работа. Посебно се опасни стресните ситуации кога ќе дојде до пропаѓање на некој важен договор или при тензични и долготрајни преговори. Уште еден показател во контекст на тезата дека психилошките оптоварувања оставаат посилни негативни последици отколку физичкиот замор е фактот дека кај 39 отсто од испитаниците се утврдени истите симптоми - несоница, аритмија, раздразливост и пад на имунитетот.
Дополнителен фактор за несоница кај бизнисмените се и честите патувања, особено промената на креветот за спиење како и временските зони со што се нарушува секојдневниот ритам.
Несоница (инсомниа) е дефинирана како повторувачка потешкотија која се однесува на заспивањето, одржувањето на спиењето или квалитетот на сонот, која се случува и покрај соодветното време и можност за спиење, а резултира со пореметување на дневните активности.
Вообичаени критериуми за несоница се:
Дополнителен фактор за несоница кај бизнисмените се и честите патувања, особено промената на креветот за спиење како и временските зони со што се нарушува секојдневниот ритам.
Несоница (инсомниа) е дефинирана како повторувачка потешкотија која се однесува на заспивањето, одржувањето на спиењето или квалитетот на сонот, која се случува и покрај соодветното време и можност за спиење, а резултира со пореметување на дневните активности.
Вообичаени критериуми за несоница се:
- Потребно време за заспивање - повеќе од 30 минути
- Спиење помалку од 6 часа
- Будење повеќе од 3 пати во текот на ноќта
- Спиење кое е со слаб квалитет.
- Иницијална (примарна) несоница подразбира потешкотии при заспивање и/или рано утринско будење после кое не може повторно да се заспие. Лицата со иницијална несоница обично се чувствуваат поспано преку денот, уморно, напнато, анксиозно. Оваа несоница не е поврзана со ниедно органско/психијатриско заболување.
- Несоницата може да биде предизвикана, поврзана или симптом на многу заболувања, состојби како што се:
- Употреба на лекови( стимуланси), кафе, цигари, алкохол..
- Хормонални нарушувања (ПМС, климакс)
- Невропсихјатриски заболувања (Биполарно растројство, Депресија, Деменција,Шизофренија, Синдром на немирни нозе)
- Органски заболувања и болка
- Стрес, страв, брз стил на живот, работа во ноќни смени...
Слично
