Нешто повисок одзив на парламентарните, отколку на претседателските избори
До 10 часот на гласање на предвремените парламентарни избори гласале 166.310 граѓани или 9,52 отсто од вкупно запишани 1.780.128 избирачи, соопшти на првата прес конференција портпаролот на ДИК Билјана Јовановска.
Одзивот на вториот круг од претседателските избори е 8,81 процент, односно на гласање излегле 155.136 од вкупно 1.779.572 избирачи.
Најголем одѕив има во Новаци, на парламентарните избори одѕивот е 20,49 проценти, а на претседатлските 20,68 проценти. Најнизок е одзивот во Липково, каде што на претседателските избори излегле 0,74% од избирачите до 10 часот.
Слично
