Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕРЕШЕНИ СОМНЕЖИ И МИСТЕРИЈА: 12 години од авионската несреќа на претседателот Трајковски

НЕРЕШЕНИ СОМНЕЖИ И МИСТЕРИЈА: 12 години од авионската несреќа на претседателот Трајковски

Се навршуваат точно дванаесет години од авионската несреќа во која животот трагично го загубија тогашниот претседател на Македонија Борис Трајковски и членовите на делегацијата со која тој патуваше во Мостар, но точка на кобниот случај уште не е ставена.

Дванаесет години по трагичниот настан, Македонија уште ги бара одговорите за причините за авионската несреќа.

Според некои извештаи причини за падот биле процедурални грешки на пилиотската екипа при слетувањето на мостарскиот аеродром.

Комисијата во својот извештај наведе повеќе грешки поради кои авионот паднал, но ниту една не е прифатлива за семејството, граѓаните, најблиските на починатиот претседател и неговите соработниџи.

Извештајот покажал дека грешката била на пилотот бидејќи не направиле анализа на мапата, потоа не требало да полетаат од Скопје поради временските услови, не се пренасочиле на друг аеродром откако ја изгубиле врската со аеродромот во Мостар, и го деактивирале автоматскиот пилот. Кобната грешка била таа што летале на висина под 2000 стапки.

Македонската делегација патуваше во Мостар на меѓународна конференција за инвестирање во БиХ.

Биографија

Борис Трајковски е роден на  25 јуни 1956 во Струмица, а почина на денешен датум во 2004 година.

Беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа

Траjковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски.

Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно - политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: "Решавање на конфликти" со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

Многумина Македонци сметаат дека претседателот Трајковски загинал под неразјаснети околности, незадоволни од официјалното објаснување дека се работи за грешка на пилотот во авионот. Постојат шпекулации дека тој можеби бил жртва на атентат.

Рејтингот на Трајковски дури беше претседател беше доста низок, но по несреќата што му се случи неговиот углед нагло порасна. Генералното мислење за Трајковски по неговата смрт не е далеку од изјавата што стои на официјалниот сајт на Меѓународната фондација Борис Трајковски каде се вели:

Претседателот Трајковски беше особена личност, кој се посвети себеси многу повеќе од она што се бараше од него како претседател. Тој беше вистински народен човек и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Како голем поборник за единствена Македонија, Претседателот Трајковски беше активен во сè она што го правеше, вистински верувајќи дека Македонците со различно етничко и религиозно потекло можат да живеат и работат заедно.

A многумина и денес знаат да речат: Претседателот кој и недостига на Македонија!

Нека му е вечна слава!

Слично

Поврзани вести