Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нереди во Грција: Со солзавец против студентите во Атина

Нереди во Грција: Со солзавец против студентите во Атина

Најмалку два студенти се повредени денеска кога полицијата во Атина употребила солзавец како би ги растерала 40 студенти кои се обиделе да влезат во Атинската правна школа.

Училишната зграда е затворена од средата од претпазливост во очи на годишнината на студентскиот бунт од 17 ноември 1973 година против воената хунта, пренесува грчката новинска агенција АНА.

„Законитоста ќе биде наменета, бидејќи тоа го сака грчкиот народ, тоа е она што го бараат грчките даночни обврзници“, рекол портпаролот на владата Софија Вултепси.

Портпаролката истакнала дека нема да биде дозволено спроведување на „законот на џунглата“ на универзитетите. Студентите пред зградата на правната школа извикувале слогани против полицијата и раководството на универзитетот.

Секоја година на 17 ноември се одржува собир кој често прераснува во демонстрации против политиките на владата.

Тој ден студенти, наставници, децам работници и пензионери полагаат венци и цвеќе пред Политехничката шокола во Атина, оддавајќи им почест на десетици убиени на 17 ноември 1973 година.

Слично

Поврзани вести