Неработниот ден за Водици не се префрла во понеделник
Празникот Богојавление (Водици), 19-ти јануари, ќе биде неработен за граѓаните од православна вероисповед во Македонија, според Законот за празници на Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството на граѓаните од православната вероисповед во Македонија им го честита празникот Богојавление (Водици).
Иако годинава празникот Богојавление (Водици) се паѓа во недела, сепак неработниот ден не се префрла в понеделник затоа што не се работи за државен празник, туку за празник само за граѓаните од православна вероисповед.
Слично
